Search

Арсовски: Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата Диамед

Венко Филипче и Ден Дончев, едни од најблиските луѓе и соработници на Зоран Заев, се замешани во безброј скандали и афери, но еден од најкоруптивните случаи на оваа Влада што ги поврзува и двајцата е случајот Рекет 2, преку кој изнудувале пари од фирмата Дијамед, посочи на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата Дијамед. Замислете, Дончев, рекетирал од фирмата Дијамед, само за да им ги врши навремено исплатите коишто законски следуваат за оваа фирма која се занимавала со дијализа“, нагласи Арсовски.

Портпаролот посочи дека човекот кој ги земал парите од фирмата Дијамед и ги разнесувал, бил истиот што веќе е осуден во случајот Рекет 1 каде што ги зема парите во торбата „Луј Витон“.

„Очигледно главата на октоподот Зоран Заев, еден ист човек користел за собирање на рекетот од бизнисмените. Дончев и Филипче се обидоа насилно да спречат продажба на фирмата Дијамед на странска компанија, бидејќи биле свесни дека нема да можат понатака да рекетираат компанија од ЕУ и ќе бидат разоткриени, а понатаму и ќе одговараат“, истакна Арсовски.

Тој врз основа на кажаното заклучи дека коруптивноста и криминалот се главната работа којашто ја извршуваат функционерите на СДСМ.

„Три години ништо друго не прават единствено се занимаат со криминал и корупција, но не да спречат туку самите да реализираат“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека за таквиот криминал ќе има одговорност веднаш штом Заев си замине и ги ослободи канџите од правосудството.

Треба да знаете
Последни објави