Search

Арсовски: Вработени се и браќата на пратеничките Прентовиќ и Димовска-Симеска

Ниту политичкиот прогон, ниту пак насилството, ниту заканите по живот нема да не спречат вистината за непотизмот на власта, епидемијата на непотизам да излезат на виделина, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој објави дека во Македонската Опера и Балет вработен е братот на пратеничката на СДСМ, Татјана Прентовиќ , а братот на пратеничката на СДСМ од Македонски Брод, Анета Димовска Симеска од стоматолог во приватна ординација е назначен за директор на Здравствениот дом во Македонски Брод.

Арсовски праша според кои критериуми и квалитети е вработен братот на Прентовиќ, а во однос на братот на Симеска праша – немало ли доволно доктори да се изберат во домот за директор, па морало приватен стоматолог, кој е брат на пратеничка од СДСМ да се именува на оваа позиција.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека претходно вработени биле синот, сопругот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, братот, синот и снаата на пратеничката Милева Ѓорѓиева, мајката на пратеникот Костадин Костадинов, синот на пратеникот Горан Мисовски, кумот и внукот на пратеничката Фросина Ременски, братот на пратеничката Славица Митева Шуманска и уште десетици други случаи на блиски роднини на функционери.

Треба да знаете
Последни објави