Search

Арсенал ја продолжи серијата од девет средби без пораз и три меча без примен гол

Англискиот премиерлигаш Арсенал на гостински терен го совлада грчкиот Олимпијакос (1:0) во првиот натпревар од 1/16 финалето на фудбалската Лига Европа благодарение на голот на Александар Лаказет. На овој начин, лондонскиот клуб ја продолжи серијата без пораз на девет натпревари.

По назначувањето на Микел Артета за главен тренер, тимот загуби само еднаш на 11 средби – во декември од Челзи (1:2).

По тој пораз „топчиите” ги победија: Манчестер јунајтед, Лидс, Борнмут, Њукасл и Олимпијакос, а нерешно одиграа со Кристал Палас, Шефилд јунајтед, Челзи и Барнли.

Воедно, Арсенал е во серија од три меча без примен гол, за прв пат по 11 месеци.

Треба да знаете
Последни објави