Search

Арсенал со гол во 90. минута го победи Манчестер јунајтед

Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Арсенал продолжи да гази сигурно кон титула, откако денеска на „Емирејтс“ оствари победа која значи многу повеќе од три бода во пресметката со Мначестер јунјатед (3:2). „Топчиите“ победата ја осигураа дури во 90-та минута од мечот.

Гостите поведоа со фантастичниот гол на Маркус Рашфорд и ги направија работите пеколно тешки за домаќините, кои пак одговорија со сериозна иницијатива и брзо израмнување преку Енкетија. Второто полувреме започна со фантастичен гол на Букајо Сака за 2:1, а кога Арсенал беше далеку подобар на теренот, видовме ново израмнување. Мартинез беше најумешен по еден корнер и ги лобуваше играчите на домашниот тим за 2:2, а од тој момент преостанаа уште половина час активен фудбал.

Арсенал фрли се на една карта во напад и тргна по трет гол, кој на крајот и го дочека во 90-та минута. Енкетија беше стрелец по уфрлањето на Зинченко, а голот беше признат по проверка на ВАР, односно откако се увиде дека нема офсајд.

Треба да знаете
Последни објави