Search

Арсенал само го налути Ливерпул во дербито на „Енфилд“

Ливерпул со 3-1 го победи Арсенал во дербито на колото во англиската фудбалска Премиер лига. Новото засилување за актуелниот првак Диого Жота дебитираше со гол.

Арсенал во 25. минута поведе на „Енфилд“, откако Александре Лаказет искористи една грешка на Робертсон и постигна гол за водство од 1-0.

Но водството на Арсенал траеше само три минути. Садио Мане израмни на 1-1, а веќе во 34. минута Робертсон се извади за грешката со гол за резултатски пресврт од 2-1. Во 80. минута во игра влезе новото засилување Диoго Жота и само осум минути подоцна постигна гол поставувајќи го конечниот резултат од 3-1.

Ливерпул има три од три на стартот во Премиерлигата и им се приклучи на врвот на Лестер и Евертон кои исто така имаат максимален скор на старт на сезоната.
Треба да знаете
Последни објави