Search

Арсенал притиска за Умтити

Арсенал и понатаму е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити. „Топчиите“ сакаа да го ангажираат Французинот во зима, но тогаш не беше постигнат договор. Од „Емирати“ сега подготвува нова понуда за 28-годишниот фудбалер, според „Дејли Стар“.

Умтити веќе некое време беше солидна резерва на „Камп Ноу“, но досега одбиваше да си замине. Тој има договор до 2026 година, но Барса ќе направи се за да се ослободи од него на лето, што му дава надеж на Арсенал дека ќе успее да го земе во своите редови за скромна сума.

Веста за интересот на Арсенал за Умтити доаѓа само неколку дена откако стана јасно дека Јувентус го сака дефанзивецот на лондончани Габриел Магалаеш. Се шпекулира дека францускиот дефанзивец ќе биде замена за Бразилецот, кој ќе биде продаден на „Старата дама“.

Сепак, Арсенал има друга опција. Клубот може да го врати Вилијам Салиба од Марсеј, каде Бразилецот беше даден под наем оваа сезона. 21-годишниот Бразилец ги воодушеви сите со своите настапи на Велодром и не е ни чудо што од следната кампања ќе биде стартер во шемата на Микел Артета.

Треба да знаете
Последни објави