Search

Арсенал блиску до потпис со Курзава од ПСЖ

Лајвин Курзава би можел да биде делумно решение за проблемите што Арсенал ги има во дефанзивната линија со повредите на Киран Тирни и Сеад Колашинац. Според порталот goal.com, „топчиите” се блиску до договор со францускиот фудбалер кој моментно е член на ПСЖ.

Преговорите, според англиските медиуми, се влезени во напредна фаза и се очекува дека двете страни ќе успеат да најдат заеднички јазик во тековниот преоден рок. Таквиот расплет би бил од интерес и за управата на „светците” за заработка од трансферот од причина што Курзава на лето би заминал како слободен играч.

Курзава се пресели во ПСЖ во 2015 година од екипата на Монако за сума од 22 милиони евра. Од тогаш со парижаните освои по три титули во Лига 1, во националниот Куп и во Лига купот на Франција.

Треба да знаете
Последни објави