Search

Арон Тејлор Џонсон е главен кандидат за новиот Џејмс Бонд

Арон Тејлор Џонсон е новиот фаворит да го замени Даниел Крег како Џејмс Бонд во следниот филм од култната сага, дознава британски „Сан“.

Како што пренесуваат и други шоу-биз медиуми, тој бил на тајна аудиција во студиото „Пајнвуд“ и ја воодушевил Барбара Броколи, продуцентката на серијалот за славниот таен агент.

„Арон учествуваше на филмска аудиција за следниот Џејмс Бонд во септември. На Барбара и на продуцентите им се допадна, тој е еден од главните фаворити за улогата“, изјави анонимен извор за британски „Сан“.

Медиумите откриваат и дека Идрис Елба се откажал од преговорите да биде новиот 007, а букмејкерите претходно предвидуваа дека улогата би можеле да ја преземат Хенри Кавил, Реже Жан Пејџ, Том Харди или Џејмс Нортон.

32-годишниот актер, кој е оженет со режисерката на „Педесет нијанси сиво“, Сем Тејлор-Џонсон (55), глуми во „Кик-ес“, и „Одмаздници: Доба на Ултрон и Гоџила“. Својата кариера ја почна во серијата „Армадило“, а стана познат по улогата во Nowhere Boy, биографскиот филм за Џон Ленон од 2009 година.

Треба да знаете
Последни објави