Search

Армијата на Република Северна Македонија испрати обучен тим за помош во Турција

Армијата на Република Северна Македонија упати тим за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња, коишто веќе заминаа за Турција.

-Армијата со авион упати обучен тим за пронаоѓање и спасување, составен од припадници на баталјонот за специјални сили и двајца водачи со службени кучиња, обучени за трагање од командата за обука и доктрини, кои ќе го вложат нивниот максимум за спасување на човечки животи под урнатините, настанати од катастрофалниот земјотрес во нашиот сојузник Турција, информираа од Армијата на Република Северна Македонија.

Претходно, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, за МИА потврди дека тимови за заштита и спасување составени од 40 лица, се упатени во реонот погоден од земјотрес во Турција, Газиантеп.

Треба да знаете
Последни објави