Search

Аријан Адеми во тимот на колото во Хрватска

Македонскиот фудбалски интернационалец Аријан Адеми пристигнува на репрезентативните обврски со „црвено-жолтите“ во последните мечеви од групата во Лигата на нации со Грузија и Бугарија како еден од најдобрите играчи кои го одбележаа 10. коло во хрватскиот шампионат. Адеми постигна гол во победата на Динамо Загреб протиов Локомотива (2:1) од хрватското првенство и се најде во идеалниот тим од десеттото коло.

Адеми има скор од четири гола и две асистенции на 15 меча во сите натпреварувања, а веќе со години е мотор на „модрите“, кои по десет рунди имаат девет победи. Македонскиот репрезентативец доби оценка 7,9, каква што има Гржан од Осиек и Куленовиќ од Локомотива, а подобро оценети се само Селахи од Риека со 8,1 и голманот Рогиќ од Шибеник со 8,6.

Треба да знаете
Последни објави