Search

Ардерн: Има прашања кои мора да бидат одговорени по ерупцијата на вулканот

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн истакна дека има прашања кои мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на вулканот на Белиот остров, што се случи вчера, а во која загинаа најмалку пет луѓе. Во инцидентот осум луѓе се уште се исчезнати на островот, а полицијата претпоставува дека и тие се мртви.

Властите соопштија дека ќе биде отворена истрага за криминал, поради тоа што туристите се нашле во близина на вулканот. Во моментот на ерупцијата, на островот биле 47 луѓе, туристи од повеќе места на светот.

„Знаеме дека ќе има поголеми прашања во врска со инцидентот“ рече Ардерн и додаде дека тие прашања мора да бидат поставени и одговорени.

Само минатата недела нивото на опасност од ерупција на вулканот било подигнато од еден на два, со што се поставува прашањето зошто туристичките групи дозволиле посета на островот.

Од местото на настанот беа спасени 34 луѓе, а повеќето од нив се уште се наоѓаат во болница на лекување. Докторите велат дека нивните изгореници се толку сериозни што може нема да преживеат.

Треба да знаете
Последни објави