Search

Аргентински фудбалер откако не направил трансфер останал заглавен во Лариса и спие по клупи !

Аргентински фудбалер, Максимилијано Форнари e заглавeн во Лариса без пари и покрив над главата. Тој пристигна во Грција за да потпише догвор со Аполон, но тоа не се случило. Аргентинецот кој има 26 години во Лариса пристигнал од неговата држава каде што настапувал за Атлетико.

-Не знам што се случи, менаџерите кои ме донесоа тука, не ми оставија ништо. Го напуштив тимот на кој му припаѓав затоа што добив официјална понуда, но не потпишав договор, се пожали Форнари.

Аргентинецот во моментов живее низ улиците на Лариса и вели дека нема пари ниту за храна, а спие по клупите во централниот парк.

Треба да знаете
Последни објави