Search

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири недели откако тој загина во авионска несреќа над Ламанш.

Тажните жители на Прогрес, мало аргентинско населено место во кое Сала пораснал, му оддадоа почит на својот фудбалски идол, пред неговите посмртни останки да бидат однесени на кремирање, пренесе агенцијата АП.

Сала загина во авионска несреќа на 21 јануари за време на лет од Нант до Кардиф, каде што требаше да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига.

Телото на несреќниот играч беше извлечено од остатоците на авионот од дното на Ламанш пред 10 дена.

Треба да знаете
Последни објави