Search

Арбелоа: Ги одбројувам деновите кога Меси ќе се пензионира

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, призна дека не ужива премногу во играта на Аргентинецот Лионел Меси.

Арбелоа неколку сезони го носеше дресот на Реал Мадрид, а тоа беше периодот кога Лионел Меси ја „тероризираше“ одбраната на „Кралскиот клуб“.

Иако шпанскиот дефанзивец ја заврши својата кариера, сепак тој призна дека ни ден денес не сака да ги гледа натпреварите на Меси.

„Знаеме колку Меси е добар играч, но никогаш нема да уживам во неговите натпревари. Се надевам дека за брзо време ќе се збогува и искрено ги одбројувам деновите кога Меси ќе замине во пензија. Не сум човек кој што ја мрази Барселона, но тоа го сакам за доброто на Реал Мадрид“, изјави Арбелоа.

Треба да знаете
Последни објави