Search

Арачиновец фатен со 36 мигранти кај Куклиш

На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија).

Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави