Search

Араухо е надвор од животна опасност иако ноќта ја минал во болница

Победана на Барселона во 36. коло од шпанската фудбалска Примера против Селта (3:1) на „Камп Ноу“ остана во сенка на непријатниот судар на соиграчите Роналд Араухо и Гави, по што стоперот на домаќините заврши во бесознание.

Араухо од овој судар го извлече подебелиот крај, иако првобитно продолжи да трча, но набрзо падна на теренот и за кратко загуби свест, а поради тоа беше пренесен в болница.

Араухо со болничко возило веднаш беше пренесен во болница, а таму е констатирано дека фудбалерот имал потрес на мозокот, и ја минал ноќта во болница Тренерот на Барселона Чави потврди дека Араухо ќе треба да ја мине ноќта во болница, но дека е надвод од животна опасност.

-Бевме исплашени. Докторите ни рекоа дека е стабилно и е надвор од животна опасност. Но, мораше да остане во болница. Се надеваме дека набрзо ќе се врати дома, рече Чави.

Треба да знаете
Последни објави