Search

Апостолска: Го стимулираме растот на платите и ја зголемиме мотивацијата кај работниците

– Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска во Охрид ја посети печатницата „Коста Абраш”, која минатата година склучи договор за користење на мерки од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Апостолска, како што соопштуваат од нејзиниот Кабинет, изразила задоволство од тоа што уште една домашна компанија ја препознала стимулативноста на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Посочила дека низ транспарентна постапка, со јасни и јавно достапни критериуми, без преговарања, се изедначени домашните и странски компании во пристапот до финансиски средства за инвестициски проекти.

На средбата со менаџментот на компанијата, станало збор и за проблемот со недостаток на квалификувана работна сила, при што министерката Апостолска посoчила дека Владата води комплементарни процеси за поддршка на индустријата, на приватниот сектор.

– Од една страна ги поддржуваме компаниите во унапредување и развој на производството, а од друга страна им ја зголемуваме достапноста на мотивирана работна сила преку дуалното образование и поддршката за исплаќање на повисоки плати. Го стимулираме растот на платите во приватниот сектор, со цел зголемување на мотивацијата кај работната сила да остане во индустријата. Во оваа насока како пример може да го наведеме субвенционирањето на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари досега го искористија над 20.000 компании или вкупно 106.000 вработени во приватниот сектор добија зголемување како резултат на оваа мерка, истакнала Апостолска.

Треба да знаете
Последни објави