Search

Апелација ќе ја пријави во МВР Русковска за заканувачка СМС порака до судија

Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во судот.

Официјално од судот не изјавуваат ништо во врска со смс пораката, но САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава веќе бил закажан колегиум.

Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Треба да знаете
Последни објави