Search

Апелација ќе решава за жалбите на осудените за „Диво Насеље“

Денеска и утре Апелацискиот суд Скопје ќе решава по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво Насеље. Седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди. Обвинителството тогаш бараше доживотен затвор за сите.

На годишнината од овој настан, пред 7 дена стотина лица излегоа на улица и со транспаренти на УЧК и на Голема Албанија бараа ослободителни пресуди за овие лица. Катица Јанева од Специјалното јавно обвинителство неодамна изјави дека не пронашле „бомби“ за овој предмет.

За време на тие настани беа убиени 8 припадници на македонските безбедносни сили, 10 членови на вооружената група и 30 лица беа ранети.

Треба да знаете
Последни објави