Search

Апелација ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата „Силекс неметали“, Василије Авировиќ, во предметот „Труст“ на СЈО. Судија известител за предметот е Лирие Елези-Арулау.

Со оглед на фактот дека лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кој се намалува казната затвор за ова кривично дело, со кое беа осудени обвинетите од четири на три години, се воведе и можноста за добивање условна казна.

Бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет“, беше осуден на шест години затвор и забрана за вршење дејност во траење од три години затоа што со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ, со што добил имотна корист од 17 милиони евра.

За истото кривично дело на три години затвор и забрана за вршење дејност во траење од три години беше осуден синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије.

Судот одлучи да го конфискува имотот во вредност од 17 милиони евра, кои треба да бидат вратени во државниот буџет.

Треба да знаете
Последни објави