Search

Апелација ќе одлучува дали Мијалков ќе остане во притвор

Апелацискиот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2“.

Кривичниот суд на 8 март му определи притвор на Мијалков на барање на специјалното јавно обвинителство. Судечкиот совет на скопска единица го осуди Мијалков на казна затвор од 3 години. Казна затвор од 3 години и два месеца добија лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, кој беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци.

Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание. За Мијалков има жалба до Врховниот суд за укинување на мерката куќен притвор за предметот „Империја“ по начелното правно мислење на највисокиот суд, но судот сè уште донел одлука.

Треба да знаете
Последни објави