Search

Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски, случајот вратен на повторно судење

Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста” на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија за МИА од Апелацискиот суд во Скопје. Одлуката, како што информираа од Апелација, е донесена минатата недела.

Во овој случај, што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на девегодишна затворска казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поповски, како што напишаа дел од медиумите, е префрлен од затворот „Идризово” во истражниот затвор „Скопје”, бидејќи второстепениот суд му одредил мерка притвор.
Пресудата за затворската казна на Поповски беше донесена во мај годинава.
Треба да знаете
Последни објави