Search

Апелација ја укина забраната за продажба на книгата на Андов

Книгата на Стојан Андов може да се продава, одлучи Апелацискиот суд во Скопје, кој ја укина забраната. Со ова се поништува одлуката на понискиот суд, кој на 21 март годинава донесе одлука за забрана на книгата на Андов поради тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски.

Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Андов со наслов „До атентатот и по него“ во која тој имплицира вмешаност во атентатот на Глигоров на Љубомир Фрчкоски (па и Црвенковски).

Во судот поднесена е тужба за утврдување одговорност за клевета, и надомест на нематеријална штета.

Самата идеја за забрана на книга од ваков карактер која зборува за важни периоди од историјата на нашата земја е лош потег, рече тогаш авторот Стојан Андов кој најави дека ќе ги искористи сите правни средства за да се укине одлуката.

 

 

Треба да знаете
Последни објави