Search

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

Основниот кривичен суд на втори ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази беа ослободени од обвиненијата.

Обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација. Тие влегле во земјава, се засолниле и во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршиле терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

Треба да знаете
Последни објави