Search

АО 2019: Ѓоковиќ го надигра Цонга во повторувањена финалето од 2008 година

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ постигна нова чиста победа на овогодинешното издание на Австралија Опен, откако го победи Жо-Вилфред Цонга во три сета – 6-3, 7-5, 6-4.

Во реприза на финалето од 2008, кога 31-годишниот тенисер ја освои својата прва Гренд-слем титула, Ѓоковиќ ја почна подобро средбата од својот ривал и направи ран брејк, но дозволи рибрејк. Цонга, кој се врати на теренот неодамна по серијата повреди, повторно изгуби гем на свој сервис и Србинот поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот дел при 5-4, Ѓоковиќ сервираше за водство од 2-0, но допушти брејк на нула. Слично на првиот дел Цонга не успеа да го задржи моментумот и моментално гледачите видоа рибрејк, а од втор пат, светскиот рекет број 1 не згреши и се доближи на сет од крајниот успех.

Балансираниот Ѓоковиќ го затвори натпреварот со 6-4 во решавачкиот дел и се квалификуваше за третото коло во Австралија. Таму го чека младиот и талентиран Канаѓанец Денис Шаповалов, кој победи во три сета против Јапонецот Таро Даниел – 6-3, 7-6 (2), 6-3.

Треба да знаете
Последни објави