Search

АО: Надал лесно против Дакворт, Монфилс го декласира Џумхур

Рафа Надал со максимална победа го започна настапот на првиот гренд-слем во сезоната, Австралија опен. Од турнирот во првото коло се елиминирани Џон Изнер и Кајл Едмунд.

Надал, иако не беше на своето максимално ниво, за два часа и 16 минути игра го порази Џејмс Дакворт. Шпанецот против Американецот победи со 6/4, 6/3, 7/5.

Тенисерот од БиХ, Дамир Џумхир доживеа тежок пораз од Гаел Монфилс. Францускиот тенисер првиот и третиот сет ги доби со нула, а неизвесност имаше само во вториот сет кој му припадна на Монфилс со 6/4.

Томаш Бердих, кој лани долго отсуствуваше поради повреда, а сезоната ја започна со пласманот во финалето на АТП турнирот во Доха, во дербито на денот славеше над Британецот Кајл Едмунд со 6/3, 6/0, 7/5.

Вистинска сензација приреди малку познатиот Американец Реили Опелка, кој го елиминира сонародникот Џон Изнер. Дуелот беше решен во четири тај-брејка, Опелка ги доби првиот, вториот и четвртиот сет.

Григор Димитров го загуби првиот сет од Јанко Типсаревиќ со 4/6, а потоа ги доби наредните три со 6/3, 6/1, 6/4.

Првото коло го минаа уште и Циципас, Де Минаур, Вердсако, Троицки, Качанов, Шварцман, Куевас, Басилашвили, Андерсон…

Треба да знаете
Последни објави