Јавноста ја поврзуваше Анџелина со неколку мажи – прво со британски бизнисмен, потоа со уметник од Камбоџа, а во поново време и со колегите Колин Фарел и Кијану Ривс, што никогаш не беше потврдено.
Како што објави американското списание National Enquirer, Анџелина сега се заљубила во телохранителот и, како што се наведува, тој е причината за нејзиниот добар изглед и расположение.
„Анџелина и тој секогаш се заедно. Секогаш кога е во негова близина, таа се однесува како заљубена тинејџерка“, откри неименуван извор за гореспоменатото списание.
Актерката и телохранителот се запознале на снимањето на филмот Those who wish me dead во Њу Орлеанс, а потоа се појавила неговата девојка.
„Девојката се појави и како орел ги набљудуваше Анџелина и него“, завршува изворот.