Search

Анџелина Џоли и Бред Пит конечно се договорија за старателството на децата

Холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит конечно постигнаа договор околу старателството над шесте деца, потврди адвокатката, Саманта Блеј Деџин, која е член на адвокатскиот тим.

Договорот е постигнат по повеќе од 2 години борба околу старателството.

„Договорот околу старателството е постигнат пред две недели и двете страни го потпишале, како и судијата“ рекла адвокатката Саманта Блеј Деџин.

Детаљите од договорот се доверливи, за да се заштити интересот на децата.

Некогаш најмоќната и најгламурозна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, се разделија во 2016 година, по повеќе од 10 години заеднички живот, вклучително и две години поминати во брак.

Барање за развод поднесе актерката поради непомирливи разлики, барајќи старателство над шесте деца, три биолошки и три посвоени.

Деџин не откри на кој начин е договорено старателството меѓу нејзините клиенти.

Треба да знаете
Последни објави