Search

Анџелина Џоли ги повлекла документите за развод, сака да се смири со Бред

Анџелина Џоли (43) и Бред Пит (55) ја прекинаа љубовната врска пред две и пол години. Актерката потоа ги предаде документите за развод и се бореше со Бред за старателство над децата. Според пишувањето на странските медиуми, Џоли сега се премислила и сака да се смири со својот сопруг.

„Анџелина јасно му стави до знаење на Бред дека сака да се врати“, изјави пријател на двојката, според „Дејли мејл“. „Таа сака повторно да бидат семејство и не може да продолжи без него понатаму. Затоа, таа го отежнуваше и одолжуваше разводот“.

„Ова можеше да биде одамна завршено. Бред сакаше да се спогодат, но таа не сакаше да го пушти“, додава пријателот. Анџелина и Бред заедно имаат шест деца: Медокс, (17), Пакс (15), Захар (14), Шило (12) и близнаците Нокс и Вивиен (10). Тие се вљубија за време на снимањето на филмот „Г. и г-ѓа Смит“ и беа заедно осум години пред да стапат во брак во 2014 година, а две години подоцна ги предадоа документите за развод.

Треба да знаете
Последни објави