Search

Анѓушев: Тендерска документација за проектот „Чебрен” до крај на октомври годинава

Промена на концептот на досегашните неуспешни тендери за енергетскиот проект „Чебрене” и тендерска документација до крај на октомври годинава, најави вечерва вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МТВ.

– Концептот на деветте неуспешни тендери досега ќе го измениме. Повторно ќе го работиме со  IFC од Светска банка, но ќе направиме измени коишто ќе бидат во насока и на заштита на домашниот интерес и да биде атрактивен за инвеститорите. Тендерската документација ќе биде готова до крај на октомври, ќе биде слична на досегашната, но многу поатрактивна за инвеститорите, наведе Анѓушев.

Проектот „Чебрен”, со овој тендер што ќе биде прв на оваа Влада, како што истакна, без оглед на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен. – Се менува малку концептот и тендерските услови за да станат поатрактивни и пазарно ориентирани бидејќи во меѓувреме се промени и пазарот на електрична енергија, укажа вицепремиерот.

Треба да знаете
Последни објави