Search

Анѓушев тврди дека од 2018 година нема допирни точки со работењето на компанијата ЕДС

Друштвото „Феро инвест“ ДОО Скопје и неговиот сопственик Кочо Анѓушев соопштија дека категорично ги отфрлаат лажните обвинувања од Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, како невистинити и тендициозни со цел нарушување на угледот и честа на компанијата и нејзините сопственици.

На прес-конференција одржана на 15.1.2020 портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изнесе обвинувања дека компанија блиска до Кочо Анѓушев добила тендер од Министерството за одбрана.

„Уште од 2018 година компанијата „Феро инвест“ ДОО Скопје и неговиот сопственик Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и им ја предале целосната контрола врз фирмата на новите сопственици во јавна и транспарентна постапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност. Повеќе од 1,5 година Анѓушев нема никаков удел ниту во работењето ниту во одлучувањето во компанијата ЕДС. Доколку ВМРО-ДПМНЕ и портпаролот на партијата не понудат јавно извинување на ист начин на кој изнесуваат лажни обвинувања, ќе бидеме принудени да ги преземеме сите законски мерки со цел заштита на угледот на компанијата и нејзините сопственици“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави