Search

Анѓушев: Со новиот ќе бидат поддржани фирмите во однос на плаќање на здраствено и пензиско осигурување

Факт е растот на плати во овој период. Изготвени се анализи на 8 квартали за потребите на пратењето на економските стандарди споредбено со претходните години за време на претходната власт. Зголемувањето на платите во 2013 и 2014 година било 821 денар, а потоа 840 денари додека во овие 2 години е 2790 денари. Тоа го прави реалната економија и отворените работни места, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Тој исто така тврди дека бројките на вработување растат во однос на претходната власт, а се очекуваат уште поголеми бројки поради новата мерка на министерството за труд и социјална политика со која ќе се поддржуваат фирмите во однос на плаќањето на пензиско и здравствено осигурување.

-Во првиот период до во 2013 година биле вработени околу луѓе, а потоа таа бројка достигнала до 30 илјади. Во овие 2 години работење на оваа власт пак вработени се 53 илјади. Тоа значи дека притисок врз работодавачите станува се поголем, а и вработените оправдано бараат покачување на платите. Во буџетот за наредната година планирана е поддршка на компаниите. Нето платата ќе ја исплаќаат фирмите додека пак пензинско и здравствено ќе плати државата, вели Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев исто така истакна дека и пензионерите ќе добијат покачување на пензиите благодарејќи на економијата која се води во изминатите 2 години.
-Поради новите вработувања, во пензинското пристигнати се повеќе пари, со тоа логично е пензионерите да добијат поголема пензија. Овие мерки и политики се припремани неколку месеци наназад пред да знаеме дека во април ќе има избори, така да не станува збор за предизборна кампања, вели Анѓушев.
Тој смета дека овие мерки нема да бидат терет за реалниот сектор и дека истите пред нивното носење се дискутирани со коморите.

-Коморите ја поддржуваат оваа мерка, исто така и мерката за зголемување на минималната плата, рече Анѓушев.

Запрашан дали покачувањето на платите кај медицинските работници е дел од изборната кампања, Анѓушев одговори дека тоа не е точно и дека платите мора во најбрз период да бидат покачени бидејќи државата ќе остане без медицински кадар.

-Доколку не се подигнат платите на медицинските работници ќе останеме држава без доктори. Медицинските работници почнаа да учат германски јазик и да одат на запад. За покачувањето се говореше уште во јуни минатата година, тоа не е нешто ново, вели Анѓушев.

извор: Локално

Треба да знаете
Последни објави