Search

Анѓушев и Младеновски на увид на нова градежна инвестиција

Анѓушев и Младеновски на увид во градежните  работи во новата странска инвестиција Баумер во која ќе се вработат до 350 лица: индустријализацијата на Македонија е шанса  да останат младите високообразовани кадри во земјава

Вицепремиерот за економски прашања  Кочо Анѓушев и директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Александар Младеновски, во присуство на  Марсел Фрај – оперативниот извршен директор на корпорацијата „Баумер“ и  Новица Шотаровски – директор на фабриката „Баумер“ во Македонија, денеска извршија увид во градежните работи на производствениот погон на оваа швајцарска компанија во ТИРЗ Скопје 1, по што беше потпишан договорот за државна помош.

Baumer Holding AG е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, енкодери, кабли и други полуфабрикати од областа на електрониката. Во  производните активности, „Баумер“ ќе вклучува и локални квалификувани добавувачи.

Вицепремиерот Анѓушев изрази особено задоволство што изградбата на фабриката е во напредна фаза и посочи дека клучно кај оваа странска инвестиција е тоа што ќе има научно-истражувачки центар во кој ќе бидат  вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија.

– Тие брзо градат и  ме радува што градат по швајцарски стандарди и критериуми. Се надевам дека, согласно нивниот план, во март ќе почне и нивното производство. Покрај производство, тие во нашата држава ќе организираат и научно-истражувачки центар во нивната компанија, каде што ќе бидат вработени над 30 млади инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија, односно машинските науки и сите тие ќе бидат дел од големото семејство на корпорацијата „Баумер“ – рече Анѓушев по потпишувањето на договорот.

Тој потенцира дека Владата и понатаму ќе биде посветена на поддршка и на привлекување директни странски инвестиции.

– Ова е една од фабриките што успеавме да ги привлечеме во Република Македонија во последната година. Тие на број се повеќе од 20. Овие фабрики ќе дадат сериозен импакт врз растот на бруто-домашниот производ на државата. Ние како држава немаме големи ресурси, немаме нафта, немаме гас. Нашата индустријализација е шансата за развој на Република Македонија и како Влада ќе бидеме посветени да направиме брза и квалитетна

Треба да знаете
Последни објави