Search

Анѓушев: Бизнис секторот ја поздравува мерката за зголемување на платите преку субвенција на придонесите

Бизнис секторот ја поздравува мерката за зголемување на платите преку субвенција на придонесите. Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска во Топ Тема на Телма изјави дека секоја подршка е добредојдена, но има страв кај членките дека ова ќе биде вовед кон вториот чекор а тоа е вештачко зголемување на минималната плата „Секоја подршка на приватниот сектор е добредојдена. Има позитивно расположение за мерката за зголемување на платите. Тоа ќе помогне за проблемот за недостаток на работна сила. Но имаме и дилеми дали е ова еден чекор што ќе повлече неприродно вештачки зголемување на минималните плати“Арсовска Мерката е за сите. Вицепремиерот Кочо Анѓушев посочи дека мерката е за сите сектори и нема дисктриминација. При тоа потенцираше дека мора да се инвестира во човечки капитал, со единствена цел да се задржат младите. „Ако не инвестираме во човечки капитал во фабриките ќе останат само пензионерите, а младите ќе си заминат. Затроа ние како држава решивме на овој начин да им помогнеме на компаниите во делот на расходите за платите. Ако некој сега зема 20 000 плата,а компанијата сака да ја зголеми на 23 000 , за покачувањето од 3 000 денари персонален данок ќе плати компанијата, а остатокот за пензиско и здравствено ќе ги плати државата. Ние на оваа мерка гледаме како инвестција во човечки капитал“ посочи Анѓушев. Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати посочи вицепремиерот Кочо Анѓушев во Топ тема на Телма. „Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега сеуште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решени и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории“ изјави Анѓушев. Минималната плата е на ниско ниво – констатираше претседателката на СКМ Арсовска. Но посочи дека во време кога се спорведуваат мини даночни реформи, ново зголемување може да направи дисторзија на пазарот на труд „Мора да се направи анализа по сектори да се види каде може да има зголемување. Сите сакаат да ја зголемат, но мора многу фактори да се земат во предид при утврдување на вредноста на минималната плата„ изјави Арсовска.

Треба да знаете
Последни објави