Search

Анчелоти: Следниот пат ќе излеземе од терен

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти беше многу лут по синоќешниот пораз од Интер и упати порака до челниците на италијанскиот фудбал, дека во следната прилика при расни навреди кон неговите играчи ќе го повлече тимот од теренот.

„Баравме од делегатот во неколку наврати да биде прекинат натпреварот поради расистички скандирања. Тоа не се случи, напротив Кулибали кој беше мета на домашните навивачи доби црвен картон. Можебил следниот пат треба да го напуштиме теренот, иако во таков случај службено ќе изгубиме. Но подготвени сме на таков чекор. Ова не е добро за италијанскиот фудбал“, истакна Анчелоти.

Наполи загуби со 1:0 со гол примен во судиското надополнување, откако претходно Сенегалецот Кулибали поради втор жолт картон беше исклучен. Санкцијата ја доби, бидејќи судијата Мацолени сметаше дека играчот му саркастично аплаудира.

Тренерот Анчелоти рече дека Кулибали и гестикулирал на публиката која го навредувала на расна основа.

Треба да знаете
Последни објави