Search

Анчелоти си заминува, Наполи со Ибра ќе прави бум

Првиот човек на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис, планира во зимскиот преоден рок да направи „бум“ со неколку рокади во клубот, кој сега е во агонија, по штрајкот кој го организираа фудбалерите. Според италијанските медиуми тренерот Карло Анчелоти веќе ги информирал играчите дека заминува од клупата по натпреварот од Лигата на шампионите со белгискиот Генк кој се игра денеска од 19.00 часот на стадионот „Сан Паоло“. Како негови наследници се најавуваат Еди Реја и Џенаро Гатузо.

Првиот човек по рокадата на клупата, планира да го проветри и играчкиот состав. Порача дека ќе ги продаде сите играчи кои го организираа штрајкот. Како прва цел за да направи „бум“ му е  ангажирањето на искусниот 38-годишен шведски интеранционалец Златан Ибрахимовиќ.

Искусниот голгетер Ибрахимовиќ е слободен играч по заминувањето од американскиот МЛС состав на Лос Анџелес Галакси.Иако има 38 години и е на залез од кариерата, за Ибра голем број клубови од Серија А покажаа интерес, но Наполи е најконкретен кој му нуди договор од 18 месеци.

На продажба би се нашле Дрис Мертенс и Хозе Каљехон и Алан. А како нови играчи покрај Ибра се споменуваат и Френк Кесје (Милан) и Лукас Тореира (Арсенал).

.

 

Треба да знаете
Последни објави