Search

Анчелоти: Пристигнав тука за да го донесам Наполи на врвот

Наполитанците тргнаа со победа во новата сезона на тешкото гостување кај Лацио, а овој викенд следува ново дерби, против екипата на Милан.

Анчелоти во пресрет на дуелот против неговиот поранешен клуб откри зошто ја прифатил понудата на клубот од Сан Паоло.

„Се надевам дека ќе го однесам Наполи на врвот, изјави Карло Анчелоти и додаде:

„Сакав да се вратам во Италија, а ме привлече проектот на клубот. Оваа екипа поседува голем квалитет, а се уште го нема достигнато врвот. Тие се блиску до тоа и се надевам дека со моето искуство ќе им помогнам да го направат тој последен чекор“, изјави Карло Анчелоти.

Треба да знаете
Последни објави