Search

Антиќ повика 18 кошаркарки на подготовки за ЕП до 20 години

Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години Јелена Антиќ денеска го објави списокот со 18 имиња за подготовките за настап на Европското првенство во Б дивизијата.

Подготовките ќе стартуваат на 8 јуни за кога е закажан првиот собир на репрезентацијата во СРЦ „Кале”.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 17 јули во Скопје, а македонската репрезентација е сместена во групата Ц заедно со соодветните национални селекции на Хрватска, Романија, Косово и Црна Гора.

Повикани кошаркарки: Матеа Атанасовска, Матеа Николиќ, Елена Тасевска, Стефани Костова, Сара Максимовска, Камелија Игнатова, Наталија Секуловска, Теона Поп Стојанова, Илина Селцова, Моника Зафировска, Ива Чолакоска, Марија Димитријевиќ, Ана Цветковска, Габриела Модева, Рина Салиу, Мартина Блажевска, Нина Зафирова, Михаела Алексовска.

Треба да знаете
Последни објави