Search

Антикорупциска оформила предмет за непотизам во СЈО

Три пријави за непотизам во СЈО стигнале до антикорупциската комисија уште пред партијата ВМРО ДПМНЕ да објави листа со имиња на вработени блиски на обвинители или функционери. Уште во време на претходниот состав на ДКСК е пријавено дека е вработен внукот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Оваа година пак се стигнати две преставки за ќерката на поранешниот директор  на МЕПСО и уште неколку негови роднини, но и за ќерката на поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штеријов.

За ниеден случај за сега нема епилог во ДКСК. Неизвесна е и најновата пријава, бидејќи поради прекинатиот мандат на специјалната обвинителка Катица Јанева нема кој да ги потпишува информациите кои ги бара антикорупциската од СЈО.

Треба да знаете
Последни објави