Search

Антивладини протести во Чешка

– Десетици илјади Чеси вечерава протестираат во центарот на Прага барајќи оставка од премиерот Андреј Бабиш и да врати 18 милиони евра дотации, што Европската Унија ги бара назад од Чешка, по извештајот од ревизорот на Европска комисија, во кој се наведува дека премиерот има судир на интереси.

Граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија”, која организира протести против Бабиш од пролетта, вечерава организира вонреден протест затоа што врховниот државен обвинител, минатата недела го обнови кривичното гонење против Бабиш, што беше стопирано пред неколку месеци поради малверзации со два милиона евра дотации за семејната фирма „Гнездото на штркот”.

Втор повод за протестот е протекувањето во јавност на заклучокот од доверливиот извештај на ревизорот на ЕК дека Бабиш има судир на интереси, бидејќи и понатаму има контрола над својот концерн „Агроферт”.

Според полицијата во протестот учествуваат околу 30.000 луѓе, додека според организаторот – 80.000.

Граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија” планира од следната недела да ја повика опозицијата да се придружи на протестите.

Треба да знаете
Последни објави