Search

Антетокумпо избран за МВП, Дончиќ руки на сезоната

Јанис Антетокумпо, кошаркарот на Милвоки Бакс, на синоќешната церемонија е прогласен за најкорисен играч (МВП) за изминатата сезона на НБА лигата. Одличниот грчки кошаркар одигра блескава сезона во дресот на Бакси, а до престижната награда стигна пред конкурентите Џејмс Харден и Пол Џорџ. Така,  Антетокумпо стана вториот европски кошаркар кој се закитува со ова признание, по легендарниот Дирк Новицки.

Словенечката кошаркарска сензација Лука Дончиќ уште на стартот на својата кариера во НБА лигата ги освои срцата на неутралните фанови, а синоќа беше награден со признанието – „руки“ на годината. Членот на Далас Маверикс доби 98 од 100-те гласа во конкуренција на кошаркарот на Аталанта Треј Јанг.

Така, САД претрпе голем удар во штотуку изминатата сезона, затоа што НБА шампион е тим од Канада, а преостанатите важни признанија завршија во рацете на европски кошаркари.

Најдобар играч од клупата е избран Лу Вилијамс, а тренер на сезоната е Мајк Буденхолцер.

Треба да знаете
Последни објави