Search

Анри: Салах е „прв“ во Премиер лигата, ама Бензема е најдобар во светот

Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри смета дека неговиот сонародник Карим Бензема од редовите на Реал Мадрид моментално е најдобриот играч на светот. Поранешниот напаѓач на Монако, Арсенал, Барселона и Њујорк Ред Булс изјави дека Салах е најдобар во англиската Премиер лига, но дека Бензема е најдобриот играч на планетата.

Салах досега постигна седум гола и имаше четири асистенции во Премиер лигата.

-Головите кои моментално ги постигнува Салах се неверојатни, но како можете да ги заборавите Левандовски или Бензема? Мислам дека Салах не е на нивното ниво во моментов, ниту во клубот ниту во репрезентацијата. Салах е најдобар во Премиер лигата, но ако ја погледнеме моменталната форма, Бензема е најдобар во светот, порача Анри.

Треба да знаете
Последни објави