Search

Анонимуси: Доказите за руско мешање во референдумот за независност на Каталонија се лажни

Меѓународната хактивистичка група Анонимуси објави во понеделникот нов пакет документи од антирускиот проект UK Integrity Initiative, повикувајќи на отворена истрага за активноста на проектот на пан-европско ниво, пренесува „Спутник“.

„На почетокот на ноември  објавивме голем дел од документите поврзани со проектот UK Integrity Initiative, од каде ја потврдија нивната валидност, но не ги сметаат информациите за релевантни. Не добивме никаква реакција ни од лидерите на ЕУ и меѓународните организации иако луѓето во многу земји покажаа голема загриженост во врска со ова прашање “, се вели во соопштението.

Групата ќе продолжи да ја објавува документацијата на UK Integrity Initiative додека не бидат целосно исполнети барањата за отворена и темелна истрага за нејзината активност на пан-европско ниво.

Објавените документи се поврзани со Германија, Грција и Шпанија и вклучуваат лажен доказ за мешањето на Русија во референдумот за независност на Каталонија, споделуван меѓу шпанските политичари и медиуми, медиумски преглед на случајот „Скрипал” и истражување на агентите со руско влијание во Грција чија цел била да ги омаловажи лидерот на Сириза, Иван Савидис и други непожелни луѓе.

На 23 ноември, Анонимуси објавија документи поврзани со проектот UK Integrity Initiative, велејќи дека програмата, лансирана во 2015 година, е финансирана од владата на Обединетото Кралство. Хактивистичката група ја опиша програмата како голема информативна тајна служба создадена од Лондон за борба против руската пропаганда.

Анонимуси, исто така, тврдат дека UK Integrity Initiative вклучувала тајни структури за да се меша во внатрешните работи на неколку европски земји, како што се Франција, Германија, Италија, Грција, Холандија, Литванија, Норвешка, Србија, Шпанија и Црна Гора.

 

Треба да знаете
Последни објави