Search

Анкетна комисија ќе испитува дали албанскиот претседател го прекршил Уставот

Законодавната парламентарна комисија одлучи да му предложи на албанскиот Парламент формирање анкетна комисија која треба да испита дали претседателот Илир Мета го прекршил Уставот со уредбата за одложување на локалните избори.

Одлуката која е донесена со 13 гласови „за” и еден против, е последователен чекор на постапката за разрешување на шефот на државата по барањето доставено до Парламентот потпшано од 55 пратеници,поголемиот број од владејачкото мнозинство,но и од опозицијата.

Предлагачот Аднор Шамати,пратеник од Социјалистичката партија образолжувајќи го барањето на пратеници рече дека тоа е основано.

-Кога веќе беше почната изборната кампања претседателот ја потпиша уредбата за одложување на изборите што е вон неговите уставни надлежности,со што го прекршил Уставот. Барањето што го поднесоа 55 пратеници за негово разрешување е основано. Претходно и Централната изборна комисија не го зеде во предвид поништувањето на изборите со што уредбата за одложување на истите е неважечка, рече Шамати.

Против донесувањето на одлуката за формирање анкетна комисија гласал само членот на комисијата до редовите на партијата „Бали комбетар”,Адриатик Алиманди.

Предлогот на законодавната комисија за формирање анкетна комисија на дневен ред ќе биде на седницата на парламентот на 4 јули.

Треба да знаете
Последни објави