Search

Анкета/САД: Речиси половина Американци нема да примат вакцина против Ковид-19

Речиси половина од Американците, или 49 отсто, изјавија дека нема да примат вакцина против новиот коронавирус ако беше достапна денес, додека 51 отсо се со став дека „дефинитивно или веројатно”  ќе го направат тоа, според истражувањето на Центарот за истражување Пју спроведено на почетокот на овој месец.

Четириесет и девет отсто изјавиле „нема” да ја примат вакцината поради загриженост од несакани ефекти.

Довербата на јавноста во безбедна вакцина за Ковид-19 која речиси е веќе на пазарот е во голем пад. Во мај, во анкетата на Пју 72 отсто Американци изјавиле дека ќе се вакцинираат доколку вакцина е достапна.

Само 21 отсто од анкетата за овој месец рекле дека „дефинитивно” ќе примат вакцина.

Неодамнешното истражување на Пју откри дека 77 отсто од Американците веруваат дека вакцините во развој во САД најверојатно ќе бидат одобрени пред нивната безбедност и ефикасност да бидат целосно разбрани.

Седумдесет и осум проценти од над 10.000 учесници во анкетата, како поголема загриженост наведуваат дека одобрувањето на вакцината ќе се движи премногу брзо и нема да има безбедност и ефикасност.

За споредба, само 20 отсто рекле дека се позагрижени дека одобрувањето ќе биде премногу бавно.

САД имаат повеќе случаи на заразени отколку на кое било друго место во светот – 6,6 милиони, следат Индија со 5,1 милиони случаи и Бразил со 4,4 милиони.

Треба да знаете
Последни објави