Search

Анкета: Поголемиот дел Хрватите бараат отворање на границите

Речиси половина од Хрватите не се плашат од коронавирусот, а 80 проценти се за отворање на границите пред туристичката сезона, е резултатот на истражувањето на јавниот сервис ХРТ.

Два месеци по прогласувањето карантин во Хрватска, според анкетата, 18,4 проценти од испитаниците сè уште се плашат од коронавирусот, 43,9 проценти не се плашат, но се претпазливи, а 28,4 проценти воопшто не се плашат.

На прашањето дали Хрватска треба да ги отвори своите граници пред туристичката сезона, дури 80 проценти рекле дека треба, 15,2 проценти не се согласуваат со предлогот, а само 4,8 проценти не знаат дали треба или не.

Додека научниците ширум светот се во забрзана потрага по вакцина против коронавирусот, односот на хрватските граѓани кон вакцинацијата е поделен. Речиси половина најверојатно би ја примиле вакцината, 41,2 проценти не би се согласиле со тоа, а 11,5 проценти се неодлучни.

Анкетата, на барање на ХРТ, ја спроведе агенцијата Промоција плус на примерок од 1.400 испитаници со маргина на грешка од пет отсто.

Треба да знаете
Последни објави