Search

Анкета: Поголемиот број жители на Северна Ирска се против излегување од Обединетото Кралство

Поголемиот број граѓани на Северна Ирска изјавија дека ако утре биде спроведен референдум тие би гласале против излегувањето на земјата од рамките на Обединетото Кралство за да се обедини со Република Ирска.

Според анкетата објавена во „Белфаст телеграф” 29 проценти од испитаниците се изјасниле дека сакаат обединување со Ирска, а 52 отсто биле „против”.

Ако се исклучат одговорите „не знам”, резултатите од анкетата покажуваат дека 65 проценти се изјасниле „за” останување во Обединетото Кралство наспроти 35 кои биле „против” отцепување и обединување со Република Ирска.

Анкетата е изработена од Универзитетот во Ливерпул и Британскиот совет за економски и социјални истражувања, при што биле испитани 2.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави