Search

Анкета: Повеќе од 70 отсто Американци имат негативен став кон Кина

 Според најновата анкета на истражувачкиот центар „Пју”, повеќе од 70 проценти Американци имаат негативен став кон Кина, многумина пак ја обвинуваат оваа земја за ширење на коронавирусот низ целиот свет. 

Ова е рекорден индикатор за негативни став кон Кина, укажаа од „Пју”. 

Од анкетата се дознава дека повеќе од три четвртини на испрашани, поддржувачи како на републиканците така и на демократите, сметаат дека САД треба да ги заштитуваат човековите права во Кина па дури и по цена на економските односи меѓу двете земји.

Анкетата е спроведена во време на заострување на позицијата на Администрацијата во Вашингтон кон Пекинг.  

Прашањата поврзани со Кина се актуелни за избирачите во период кога земјата се подготвува за престојните претседателски избори. 

Треба да знаете
Последни објави