Search

Анкета: Повеќето Французи се за враќање на смртната казна

Повеќето луѓе во Франција би поддржале враќање на смртната казна, покажа истражување на институтот за анкети Ипсос.

Околу 55 проценти од анкетираните луѓе се согласиле со изјавата: „Смртната казна треба да се врати во Франција”.

Поддршката за смртната казна била најсилна меѓу приврзаниците на десничарскиот популистички Национален Собир, предводен од Марин Ле Пен, а „за” одговориле 85 проценти од анкетираните.

„За” гласале и 71 процент од приврзаниците на конзервативната партија Републиканци.

Смртната казна во Франција беше укината во 1981 година, а последното бесење се случи во 1977 година.

Во истражувањето на Ипсос учествувале 1.030 лица на возраст над 18 години.

Треба да знаете
Последни објави