Search

Анкета на „Макфакс“: Обвинителите на СЈО не треба да имаат веќе никаков допир со предметите

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Што треба да се случи со обвинителите од СЈО“, повеќето од половина од испитаниците, односно 57,1 отсто се изјасниле дека тие не треба да имаат веќе никаков допир со предметите од СЈО.

Анкетата беше спроведена на 17 веб страници. Стартуваше на 12 септември во 17 часот и траеше 24 часа. Во овој период биле анкетирани 2.737 испитаници.

26,2 отсто од испитаниците се изјасниле дека обвинителите од СЈО треба да продолжат да работат независно, додека 16,7 отсто сметаат дека обвинителите треба да се вратат на старите позиции, но да ги водат предметите на СЈО.

Од вкупно 2.737 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел бил мажи на возраст од 35 до 44 години. Над 81.7 проценти од нив гласале од Македонија, а другите од Германија, Грција, Австралија, Шведска и други држави.

Треба да знаете
Последни објави